ЕУ И ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ТРГОВСКА СОРАБОТКА ПО БРЕКЗИТОТ

По интензивни преговори, Обединетото кралство и Европската Комисија (ЕК) вчера, постигнаа договор кој се однесува на идната трговска соработка со Европската Унија пред крајот на транзицискиот период и официјалниот излез на Британија од ЕУ на крајот на декември.

loading...

Веста на прес-конференција во Брисел ја објавија Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен и Главниот преговарач на ЕК, Мишел Барние, а потоа беше потврдена и од Владата во Лондон.

Договорот за идната трговска размена меѓу ЕУ и Обединетото Кралство е постигнат четири и пол години по референдумот за излегување на земјата од ЕУ, популарно познат како Брексит.



loading...

Според анонимни извори на кои се повикуваат светските новински агенции, постигнатиот Договор за трговија и соработка има околу 2.000 страници, а овозможува бесцаринска трговија без квоти и ограничувања меѓу двете страни, како и механизми за идно решавање на различни прашања при соработката во иднина.