| |

АЗЕСКИ: НЕ МОЖЕ СЕРИОЗНА ДРЖАВА 20 ГОДИНИ ДА НЕМА ПОПИС

-Не може сериозна држава 20 години да нема попис. Пописот ни треба не само за да се преброиме по националност или семејства, туку заради економските импликатори. Не може да се направи никаква економска прогноза, ако се немаат базичните, основни бројки. Треба да видиме зашто беше прекинат претходниот попис, да не се повтори тоа искуство. На меѓунационален план кај нас се е можно. Не сакаме ситуација на какво било пролонгирање на пописот. Попишувањето мора да се спроведе и тоа треба да биде приоритет. Срамно е кога ќе одиме во Брисел, да кажеме дека 20 години немаме попис, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески во интервју за МИА.

Целосното интервју на МИА со Бранко Азески ќе биде објавено утре.

Извор: Слободен печат



Слични Објави