Концерт на Нинослав Димов и Маја Поповиќ во Софија

Во концертната сала на Музејот „Борис Христов“ во Софија вечерва концерт ќе одржат уметниците Нинослав Димов (саксофон) и Маја Поповиќ (пијано) …

Програмата на концертот содржи композиции од Гоце Симоноски, Димитрије Бужаровски, Огњен Поповиќ, Сен-Сан, Роберт Шуман.

Нинослав Димов дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а студиите ги продолжил во Берлин, Германија на Universität der Kunste. Во Берлин ги завршил додипломските студии по саксофон и продолжил со специјализација „Konzertexamen“ се до 2009 година.

Добитник е на повеќе награди на републички и интернационални натпревари и редовен учесник на престижни семинари по саксофон во Словенија, Хрватска, Франција и Германија.

Маја Поповиќ дипломирала Факултетот за музичка уметност во Скопје. Активно учествувала на мастер класите кај реномирани пијанисти и педагози – Борис Романов, Јокут Михајловиќ, Арбо Валдма, Жени Захариева, Милена Моллова и др.Носител е на повеќе награди .

Како солист и камерен музичар настапувала во Скопје, Битола, Тетово, Штип, Прилеп, Гевгелија, Куманово и има учествувано на манифестациите како „Скопско лето”,„Прилеп – Град на културата” , „Прилепско лето”,„Гевгелиско лето”. Има настапувано и во Ниш, Белград, Софија.

Концертот е во организација на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија.

Слични Објави