(Фото) Говор на омраза: „Јас сум во пописна комисија за Свети Николе, баш ме интересира како ќе се попишеш, к*ртон татарски “
„Јас сум во пописна комисија за Свети Николе, баш ме интересира како ќе се попишеш, к*ртон татарски “, ваков коментар напиша под пост на фан страницата на Трибуна, лице потпишано како Ѕвонко Ѕона Димоски. Коментарот е упатен кон човек, кој не ја крие својата бугарска самосвест.
Лицето што стои позади профилот Ѕвонко Ѕона Димоски исто така се заканува со физички напад упатен до човекот, кој коментирал под постот објавен на facebook страницата на Трибуна.
„Да се најдеме некаде, копито татарско, ќе бидам понежен, ѓубре продадено. За колку евра се продаде??? Кажи ја цената, сите к*рви имаат ценовник па и ти.“, пишува Ѕвонко Ѕона Димоски.
Ги повикуваме одговорните лица во Државниот завод за статистика да извршат проверка и доколку навистина лицето Ѕвонко Ѕона Димоски е дел од попишувачките комисии што го спроведуваат пописот, истиот да биде отстранет поради ширење на говор на омраза и закани за физичка пресметка кон граѓанин на РС Македонија, кој се изјаснува како Бугарин.