ЗАДОЛЖИТЕЛЕН СЕДУМДНЕВЕН КАРАНТИН ЗА СИТЕ ШТО ЌЕ ПРИСТИГНАТ ВО ГРЦИЈА
Освен потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, за сите оние кои до 22 февруари ќе пристигнат во Грција на било кој начин и од било која земја, задолжителен е седумдневен домашен карантин, согласно министерската одлука од надлежните министерства и одлуките на Агенцијата за цивилно воздухопловство, јави дописничката на МИА од Атина, пренесува Фокус.
Доколку посетителите престојуваат во Грција помалку од седум дена, тогаш домашната изолација ќе трае за целиот период додека се во земјата, сè до нивното заминување.
Целиот напис прочитајте го овде.
