НЕКОИ СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ И, СЕПАК, СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО КОРОНАВИРУС- КАКО Е МОЖНО ТОА?
Заштитата со вакцината не е стопроцентна, но ако лицето се зарази по вакцинирањето, клиничката слика би требало да биде поблага.
Колку имуни стануваме откако ќе се заразиме со коронавирусот или откако ќе се вакцинираме, е едно од прашањата кои најмногу си ги поставуваме последните месеци. Сè уште не е познато колку трае имунитетот што го пружаат вакцините или дали новите варијанти на вирусот што се појавуваат низ целиот свет ќе станат отпорни на нив и ќе ги направат неефикасни, пишува Слободен печат.
Постојат случаи кога лица примиле вакцина против ковид-19, но и покрај тоа се заразиле со коронавирусот. Како е можно тоа?
Тоа може да се случи, но не поради вакцината, туку затоа што вакцината сè уште не развила ефект. Одредено ниво на имуност може да се очекува две недели по првата доза, но тој имунитет нема во целост да биде развиен и нема да спречи развој на болеста. Комплетна ефикасност од вакцината се постигнува 10-14 дена по примањето на втората доза.
Целиот напис прочитајте го овде.
