| |

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ ЗАБРЗУВАЊЕ НА ВАКЦИНАЦИЈАТА

Забрзување на вакцинацијата е најавено во Германија, кога општите лекари ќе почнат да вакцинираат во април. Сепак, поставената цел за имунизација на 25 отсто од населението секој месец не е реална, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

– Бројот на вакцинирани лица месечно нема веднаш да се зголеми на 20 милиони, или 10 милиони неделно, изјави тој за ЗДФ.

Германците се незадоволни од динамиката на вакцинирање, бидејќи само 6,4 проценти од населението од околу 83 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцината.

Шефот на германското здружение на лекари процени дека со лекарите вклучени во аплицирање на вакцините, околу пет милиони луѓе неделно може да се имунизираат.

Тој апелираше до владата да одобри вклучување на општите лекари во вакцинацијата што е можно поскоро.



Слични Објави