|

ВОЗАЧ СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ВЕЛОСИПЕДИСТ И ИЗБЕГАЛ

Триесет и шестгодишен велосипедист со тешки повреди бил пренесен во болница откако во него удрил автомобил, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, вчера околу 16 часот било пријавено дека на крстосница од ул. Николај Островски и ул. Моцартова  во Скопје автомобил удрил во велосипедист Р.З.(36) од Скопје, а потоа возачот избегал.

Велосипедистот бил пренесен во болница, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Извор: Макфакс



Слични Објави