|

ПРОНАЈДЕНО 4-ГОДИШНОТО ДЕТЕ КОЕ ИСЧЕЗНА ВО ОХРИД

Полицијата од Охрид информира дека е пронајден малолетникот кој вчера се изгуби околу 17:50 часот.

Од СВР Охрид информираат дека полициски службеници околу 19:15 часот во близина на паркинг-просторот кај плажата „Горица 3“ во Охрид го пронашле четиригодишното дете.

Претходно од родителите било пријавено дека детето се загубило кај скејт паркот на пешачката патека по каналот „Студенчишта“.

Слични Објави