ДОСЕГА СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ 74.076 ГРАЃАНИ, САМО ВЧЕРА НАД 9000 ПРИМИЛЕ ВАКЦИНА

/

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, инфомираат од МЗ.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 74.076 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.963 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.123 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92.253 граѓани. Со последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Од МЗ велат дека вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.



Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Претходна статија

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ СО КИНЕСКАТА ВАКЦИНА НА „СИНОФАРМ“

Следна статија

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА: С.МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ ЧЕКОР НАПРЕД СО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

Најново од Вести