| |

МБП: ДОКТОР МИЛЕН ВРАБЕВСКИ ЗАЕДНО СО БУГАРСКАТА ДРЖАВА ОД УТРЕ ЗАПОЧНУВА СО ВАКЦИНАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ

Познатиот бугарски филантроп д-р Милен Врабевски заедно со бугарската држава продолжува да создава можности сите државјани на РС Македонија да се вакцинираат против Ковид-19.

Компанијата на д-р Врабевски „Comak medical“ во соработка со Министерството за здравство и Министерството за одбрана на Р. Бугарија, од утре почнуваат со активно работење на центрите за вакцинација на граничните премини меѓу РС Македонија, Делчево и Ново Село. Центрите се расположени во меѓуграничната зона на двете земји, и нема да има потреба државјаните на РС Македонија да влегуваат во Бугарија и соодветно да имаат PCR тестови.

Секој што сака да се вакцинира ќе може да одбере меѓу вакцините на Фајзер, Модерна, Астра Зенека а на малку подоцна етапа и Јансен.

Во моментот секој што поседува бугарско државјанство по поставувањето на втората доза на вакцина ќе добива меѓународно признат сертификат за вакцинација. Се бара начин таков сертификат да добиваат и граѓаните на РС Македонија кои немаат бугарско државјанство. Дополнитлна информација по тоа прашање тимот на
д-р Врабевски ќе може да достави по 27 мај 2021 година.

Телефонските броеви на коишто преку Viber може да се закаже термин за вакцинација се: +359 886 800 264 и +359 882 516 981 се вели во соопштението на Здружението на Македонско бугарско пријателство- Скопје.



Слични Објави