|

Османи: Направени се исчекори во спроведувањето на Договорот од Преспа, но треба да се внимава

Сметам дека одредни разлики што се појавија околу фудбалот во контекст на Договорот од Преспа немаат потенцијал да го минираат стратешкото партнерство што е изградено со Грција, но ако не внимаваме и ние и Грците во однос на обврските од договорот може проблемите да се акумулираат и да излезат на површина тогаш кога најмалку ги очекуваме, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во МНР, пренесува zoom.mk

– Затоа од од првиот ден кога дојдов во МНР формирав работна група, назначив координатор за следење на договорот и акциски план за реализација кој лично го контролирам на неделно ниво, рече Османи.

Според него, направени се доста исчекори во спроведувањето на Договорот од Преспа.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави