ОСМАНИ: ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Е ВО НАСОКА НА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЗЕМЈАВА

//

Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи денес оствари средба со амбасадорот на Република Грција, Димитрис Јанакакис, на која беа отворени прашањата за односите меѓу двете земји, актуелностите при спроведувањето на Договорот од Преспа, а во контекст на европските интеграции на земјава.

„Како Секретаријат задолжен за европските прашања, во континуитет се залагаме и повикуваме на целосно почитување на Уставот, законот, ратификуваните договори и другите акти, особено оние кои претставуваат темел на нашите европски интеграции. Почитувањето и доследното спроведување на Законот за употреба на јазиците, Договорот од Преспа, не само што претставуваат законски обврски, туку се во насока и на остварување на европските и евроатланските перспективи на земјава” истакна Османи на средбата, коментирајќи ги последните актуелни случувања кои беа предизвикани од дел од техничките министри во Владата.

Османи упати уверување до амбасадорот Јанакакис, дека Секретаријатот за европски прашања, и лично тој како Вицепремиер, ќе останат посветени на целосно спроведување на сите обврски на земјава, како гаранција за нашите европски и евроатлански перспективи.





Претходна статија

СРЕДБА НА ЏАФЕРИ СО Г. АТИЛА МЕСТЕРХАЗИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА НАТО

Следна статија

ПЕНДАРОВСКИ – КАРАЈАНЧЕВА: ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО ВНЕСЕ ПОЗИТИВНА ДИНАМИКА ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

Најново од Вести