Јанев ги потврди бугарските позиции пред амбасадорот на Словенија-според бугарскиот премиер европските партнери ја напаѓаат Бугарија без реални аргументи
На денешната средба со амбасадорот на Словенија во Бугарија Анжеј Франгеш, бугарскиот премиер Стефан Јанев ја потврдил принципиелната поддршка на Бугарија за европската перспектива на Република Северна Македонија и Албанија.
Јанев истакнал дека европските партнери на Бугарија заземаат страна толерирајќи ја РС Македонија и обвинувајќи ја Бугарија без реални аргументи.
Како што јавува бугарската владина прес служба, на средбата е ставен акцент и врз барањето за спроведување на Договорот за добрососедство од страна на РС Македонија, почитувањето на човековите права и прекин на говорот на омраза.
Бугарскиот премиер Јанев посакал успех на претседателството со ЕУ на Р. Словенија и подвлекол дека инсистира на отворен и чесен дијалог.
