Мултиперспективниот Павел Шатев

//

Пишува: Маузер

Историската мултиперспективност е интересна работа. Според овој приод едни исти факти можеме да ги толкуваме различно. Така, едно од основните тврдења според македонската историографија е дека Бугарин од пред 100-200 години и Бугарин денес немало исто значење и дека зборот Бугарин најчесто значел или Егзархист или Словен или некој што не е Грк, а во некои случаи и прост селанец. Бугарската страна пак тврди дека Бугарин, со некои мали исклучоци означува Бугарин и е етничка и национална одредница.
Ако веруваме на македонската историска интерпретација Павел Шатев напишал:

„Белешки за Егзархијската просвета во Македонија

Славјано-славјанската просвета во Македонија се развила парлелно со просветата на сите останати негрчки земји. Нејзиниот почеток го наоѓаме во далечните времиња на средниот век кога како резултат на етничката комбинација меѓу протоселаните и словенските племиња кои ги населувале Мизија, Тракија и Македонија, се создаде од нив еден единствен народ – Егзархијскиот и една единствена држава НеГрција/Селанија/Славија/Егзархија. Тој нов народ во 9тиот век веќе, не го прима само христијанството како државна религија, туку и развива благодарение на светите Кирил и Методиј, родом од Солун и нивните ученици, сопствена писменост. Јазикот на таа прва словенска писменост е познат во науката под името старопростачки јазик на кој говореле нашите прадедовци од околината на Солун. На тој јазик пишувале и светите браќа Кирил и Методиј, св. Климент и Црноризец Храбар и цар Симеон и цар Самоил и сите книжевници и цареви од второто словенско царство“.

За споредба, подоле е слика од писанието на Шатев во оригинал. Интересна работа е таа мултиперспективност.



Претходна статија

Јанев ги потврди бугарските позиции пред амбасадорот на Словенија-според бугарскиот премиер европските партнери ја напаѓаат Бугарија без реални аргументи

Следна статија

Ковачев го запознал Јанша со бугарската позиција за РС Македонија

Најново од Истакнато