Бугарија бара поддршка од ЕК за проширување на Вертикалниот гасен коридор
Бугарија побарала регулаторна и финансиска поддршка од Европската комисија за да го удвои капацитетот на Вертикалниот гасен коридор во забрзана постапка и да го претвори во „стабилна платформа за зголемени текови на природен гас во периодот на намалување на рускиот гас“, соопшти Министерството за енергетика на Бугарија.
Заменик-министерот Теодора Георгиева ги презентирала бугарските предлози на состанокот на иницијативата „Три мориња“ во Дубровник.
Во писмо до еврокомесарот за енергетика Дан Јоргенсен се предлага формирање на посебен механизам за инфраструктурно финансирање со цел да се обезбедат одржливи испораки и реална алтернатива на рускиот гас, во согласност со енергетската политика на ЕУ.
Софија ја има поддршката од другите земји долж коридорот – Грција, Романија, Молдавија и Украина.

