(ВИДЕО) ЏАМБАСКИ: ЗАЕВ МИ ВЕЛЕШЕ- НИЕ ЗНАЕМЕ КАКВА Е ИСТОРИЈАТА ПОЧЕКАЈТЕ ДА ПОМИНАТ ИЗБОРИТЕ

„Во формални и неформални разговори со г-н Зоран Заев како премиер, тој велел „да ние знаеме дека тоа е така, ама почекајте да поминат изборите кај нас“. Кога ние сме ги кажувале нештата што треба да бидат сменети за да се спроведе Договорот за добрососедство… Ќе ви кажам кога за последен пат разговаравме, кога се откриваше споменикот на бугарскиот херој Каварналиев кај Дојран, тој самиот замоли: „Ајде сега, ние знаеме каква е историјата, но почекајте да поминат изборите тука кај нас“, вели бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски како одговор на тврдењето на водителката на емисијата „Неделата на НОВА“ дека Зоран Заев се надева дека по промена на власта во Бугарија, Македонија ќе добие „зелено светло“ за старт на преговорите со ЕУ.

loading...

Според Џамбаски, Заев водел бугарска политика во лошата смисла на зборот, кажувајќи им го на сите тоа што тие сакаат да го слушнат. Европратеникот од редовите на Европските конзервативци и реформисти изјави дека не верува ставот на Бугарија во однос на стартот на преговорите за Македонија да се смени бидејќи само мала политичка група која припаѓа според Џамбаски на т.нар. градска левица имала позитивно мислење за стартот на преговорите за Македонија.



loading...

Во однос на прашањето за вакцините Џамбаски е дециден дека и покрај политичкиот спор со Скопје, Бугарија треба да им помогне на луѓето во Македонија и да не ги остава.