СДСМ: Ребалансот на Буџетот за 2021 година обезбедува повеќе пари за човечкиот капитал
„Ребалансот на Буџетот за 2021 година е насочен кон обезбедување повеќе пари за капитални инвестиции, за вложување во човечкиот капитал, што ќе резултира со економски раст и подобар животен стандард на граѓаните.
Капиталните расходи се планирани на ниво од 30,5 милијарди денари, односно за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година.
Наш фокус е имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за унапредување на условите во здравствениот, образовниот сектор, земјоделството и заштитата на животната средина. Целиот напис можете да го видите овде.
Извор: Zoom. mk
