| |

Изгласан законот за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола

Собранието попладнево го донесе Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Законот, предложен од група пратеници, треба да се овозможи реализација на Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола. Со него првпат се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер,  за којшто власта уверува дека ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа. Целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави