|

Заев: Знам дека вистината боли, но денеска системот се справува и со крупните и со ситните риби

Борбата со корупцијата продолжува, никој нема да биде поштеден. Системот се справува и со крупните и со ситните риби, секој ден се испраќа пораката дека законот важи еднакво за сите, порача денеска премиерот Зоран Заев од собраниската говорница одговарајќи на пратенички прашања.

Откако нагласи дека е јасна паралелата на владеење меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев уште еднаш ја повика опозицијата да се вклучи во борбата против корупцијата и криминалот.

Страшно беше, рече Заев, во времето на Груевски да се спомне име на функционер, а камоли да му се суди. – Денес не е така, напротив. Пред лицето на правдата не се само граѓани, туку и луѓе блиски до власта или до опозицицијата. Никогаш вака отворено во државата не се зборувало на секое ниво и со преземање одговорност од премиерот, како и од останатите владини ешалони, истакна Заев. Целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави