Партијата на Слави Трифонов го доби мандатот од претседателот Радев за состав на Влада

//

Претседателот на Бугарија Румен Радев го додели мандатот за составување на Влада на Пламен Николов од партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“.

Партијата на Слави Трифонов за втор пат ја добива можноста за составување на Влада, но првиот пат кога го доби мандатот таа го врати.



Кандидатот за премиер на ИТН Пламен Николов е роден во 1977 година во градот Горна Орјаховица. По професија е претприемач и зборува три јазици: руски, германски и англиски. Во неговата биографија објавена на сајтот на ИТН пишува дека Николов соработувал со Амазон, Вигал, Интерспорт, Спортона и други големи компании.

Претходна статија

Заев: Знам дека вистината боли, но денеска системот се справува и со крупните и со ситните риби

Следна статија

Александар од Југославија (2)

Најново од Вести