Во Рилскиот манастир беше отслужена панихида во спомен на цар Борис III
Панихида во спомен на цар Борис Трети беше отслужена во соборниот храм „Рождество на Пресвета Богородица“ во Рилскиот манастир, по повод 83 години од неговата смрт на 28 август 1943 година, јавува БТА.
Заупокојната молитва ја отслужи игуменот на манастирот, Адријанополскиот епископ Евлогиј, заедно со монаси од манастирското братство.
Цар Борис Трети бил погребан во Рилскиот манастир, но неговото тело било ексхумирано во 1946 година по наредба на тогашните власти. Денес во обновениот гроб, во јужниот параклис на соборниот храм, се чува садот со неговото срце.
