|

ФОТО: По бурните реакции во јавноста, Заев го прекина одморот, заедно со Филипче, Шекеринска, Шахпаска на терен

Премиерот Зоран Заев го прекина годишниот одмор. Се појави на терен во беровско село Будинарци, кое е загрозено од пожарот. По бурните реакции во јавноста откако се појавија негови фотографии дека во време на прогласена кризна состојба, тој и уште неколку министри се на плажа, Заев го прекина одморот.

-Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар.. Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија. Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност, изјави Заев.



Слични Објави