Од МНР не ја негираат веста за протераниот руски дипломат
Во изјава за Тв 24 од МНР не ја негираат веста дека од земјава е протеран уште еден руски дипломат. Според информациите се работи за воено аташе.
Од МНР велат дека ги преземаат сите мерки согласно виенската конвенција за дипломатски односи со цел да се заштити националната безбедноста на РСМ, како и соодветно да ја заштити улогата и одговорноста на земјава како членка на НАТО.

