| |

Фондација „Македонија“ бара одземање на бугарските државјанства на македонските граѓани кои нема да се попишат како Бугари на пописот

Фондацијата „Македонија“ ќе испрати писмо до претседателот на Народното собрание и бугарскиот претседател со настојување за промена во Законот за бугарско државјанство.
„Да се одземат бугарското државјанство од лицата од Северна Македонија кои се декларирале со различна етничка припадност од бугарската, но добиле бугарско државјанство. Тоа според Законот е декларирање на невистинита информација пред службите и Органите на Бугарија“, изјави во интервју за бугарското Национално радио претседателот на фондација „Македонија“, Виктор Стојанов.

Според Стојанов, Бугарија нема национална програма и организирано работење во РС Македонија и поради тоа многу луѓе не чувствуваат поддршка од Бугарија и според Стојанов истите ќе се запишат како Македонци на пописот.

Според информации на Стојанов досега на пописот во Македонија се преброени над 91 000 луѓе, од кои само 72 се попишале како Бугари.

Слични Објави