| |

Од утре во Бугарија ќе може да се влегува со сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или PCR тест

Од утре, 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за македонски државјани на нејзината територија.Со последната одлука, Северна Македонија од црвена е преместена во портокалова зона. Забраната е укината за сите кои поседуваат сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза), или сертификат за прележано болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување), како и со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).



Слични Објави