Српскиот владика Иринеј Буловиќ: Стара Србија се протега од Кајмакчалан до Словенија
Стара Србија се протега од Кајмакчалан во РС Македонија сè до денешна Словенија, каде што живеат Срби.
Ова го изјави Бачкиот епископ на СПЦ Иринеј Буловиќ, за време на богослужба во катедралата на Нови Сад, во Војводина, во северниот дел на Србија. Кајмакчалан е највисокиот врв на планината Ниџе и се наоѓа на границата меѓу денешна РС Македонија и Грција, јавува БГНЕС.
Бачкиот епископ им се обрати на сите српски монаси од епархиите во Краина/Хрватска/, Словенија, па дури и до Кајмакчалан. Српскиот бискуп е меѓу најотворените поддржувачи на Руската православна црква и отворено се спротивставува на Вселенската патријаршија. Во 2018 година учествува и во организацијата на „Алтернативната прослава на 1000-годишнината од формирањето на Бугарската Охридска Архиепископија“, заедно со Српската патријаршија. Оваа одлука на српските епископи е донесена на Архиерејскиот собор на СПЦ.
Бачкиот владика Иринеј Буловиќ отворено тврди дека српскиот народ ја создал кирилицата. За време на конференцијата организирана од Здружението Кирилица во Матица, Белград, пред години, тој рече: „Сите европски народи се грижат за своето писмо, а само српскиот народ е невнимателен со кирилицата. Тоа е самоубиствено, антицивилизациско лудило“. Тоа не може да се спречи со декрети, туку само со личен пример“, рече тогаш владиката.

