Берковица го дигитализира културното наследство: виртуелни прошетки и занаети достапни за сите
Музејскиот комплекс во Берковица ќе ги дигитализира поставките на Етнографскиот музеј и Куќата-музеј „Иван Вазов“, за да станат достапни и за лица со попречености, јавува БНР.
Проектот „Беркoвица – живо наследство: дигитални прошетки и занаети“ е финансиран со 20.000 лева од Националниот фонд за култура, соопшти в.д. директорката Станислава Витанова.
Во рамките на иницијативата ќе бидат создадени виртуелни прошетки со двојазично водство – на бугарски и англиски јазик. Посетителите со ограничена подвижност ќе можат да ги разгледуваат дигиталните експозиции во изложбената сала на Етнографскиот музеј.
Проектот предвидува и демонстрации на традиционални занаети – дрворезба со мајсторот Валентин Герасимов и ткаење со Златка Стојнова, која е прогласена за „живо човечко богатство“ на Берковица.
Партнери во проектот се училиштето „Никола Вапцаров“ и Лесотехничката гимназија во Берковица. Дигиталните активности ќе започнат на 1 декември и ќе траат една година.
