Договорот за добрососедство со Бугарија пред пратениците

//

Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија е на дневен ред на денешната 30. собраниската седница.

Предлогот кон крајот на минатиот месец помина на Комисијата за надворешна политика.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ и натаму ја бојкотираат работата на Собранието.

Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.



Тој е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете МНР и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година.

Бугарската вицепремиерка за правосудни реформи и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева кон крајот на минатиот месец во интервју за Бугарско национално радио (БНР) најави дека дека Договорот ќе биде ратификуван во Народно собрание во јануари. (Прочитајте го целиот напис овде)

Претходна статија

Манчини се нуди да биде селектор на Италија

Следна статија

Иванов до четврток треба да го потпише указот за Законот за јазиците

Најново од Вести