Радев-Ван дер Белен: Очекуваме конкретни резултати од дијалогот Софија-Скопје
Бугарскиот претседател Румен Радев во телефонски разговор со својот австриски колега Александер Ван дер Белен ја потврдил позицијата на Бугарија во однос на РС Македонија, истакнувајќи дека дијалогот меѓу Софија и Скопје е незаменливата алатка за надминување на отворените прашања.
Во разговорот со Белен, Радев подвлекол дека очекува конкретни резултати од дијалогот меѓу Бугарија и РС Македонија.
Ван дер Белен изразил сочувство за трагичните настани што ги погодија Бугарија и РС Македонија- пожарот во домот за стари лица во село Ројак и стравичната сообраќајка на автопатот „Струма“.

