|

Ковачевски: Ја осудувам одлуката на Русија да ги признае Доњецк и Луганск

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски преку својот Твитер профил ја осуди одлуката на Руската Федерација да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина како „Народни Републики“.

Премиерот Ковачевски на социјалната мрежа напиша:

„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики“.

Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015.

Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат.“

Извор: Zoom. mk

Слични Објави