(Фото) Станков: Профилот на подкастот „Коридор 8“ е блокиран
Профилот на македонско-бугарскиот подкаст „Коридор 8“ во Facebook е блокиран. Тоа за порталот Трибуна го изјави еден од креаторите на подкастот д-р Георги Станков.
Во кратката изјава за нашиот портал Станков рече дека сомнева во организиран напад од страна на тролови, кои ја пријавувале Facebook страната на подкастот.
„Најверојатно, нашата Facebook страна е блокирана поради организирано пријавување од страна на тролови. Не можеме да направиме ивент за нашата следна епизода, затоа ги замолувам нашите гледачи да го споделуваат линкот за следната епизода на емисијата“, изјави Станков.

Следната епизода на подкастот „Коридор 8“ можете да ја проследите на следниот линк: https://youtu.be/vNjb2wAv3Ec.

