|

Украина ќе ги ограничи активностите на 11 проруски партии во земјата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави ограничувања на активностите на 11 политички партии во државата, заради врски со Русија.

Зеленски наведе неколку имиња на партии, меѓу кои и Опозициската платформа – За живот, која е една од најголемите проруски партии и има претставници во украинскиот парламент.

Украинското Министерство за правда веднаш ќе реагира за да се имплементира забраната, која според Зеленски ќе биде на сила се додека трае воената состојба.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави