Украина ја забранува Руската православна црква, ѝ го конфискува целиот имот и пари
„Предлог-законот за забрана на Руската православна црква е поднесен до парламентот на Украина, објавија медиумите во земјата“, пишува Фактор.бг.
Предлог-законот се уште не е вклучен во распоредот за гласање, но најверојатно ќе биде изгласан со големо мнозинство. Со него се предвидува целиот имот на црковните власти и администрацијата на Руската православна црква (РПЦ) и Украинската православна црква во земјата да се национализира во рок од 48 часа од усвојувањето на законот.
Од крајот на февруари, голем број епархии и парохии на Руската православна црква во Украина и во Западна Европа остро го критикуваа де факто непочитувањето на рускиот патријарх Кирил за војната во Украина. Најмалку 15 од 53 епархии на УПЦ и десетици руски парохии ширум светот престанаа да му се поклонуваат на блискиот на Путин виш духовник.
Во мај е закажан архиерејски собор на Руската православна црква на кој ќе учествуваат сите архиепископи и митрополити. Голем број црковни експерти веќе го повикуваат да го покрене прашањето за независноста на УПЦ или соборувањето на патријархот Кирил од црквата.
Извор: Фактор.бг

