|

(Видео) Стоилковски: Осуден полициски началник на Спасовски за предизборни притисоци

Политичкиот притисок и злоупотребите на полицијата во изборни цели при последните локални избори почнаа да излегуваат на површина. Ова е копија на судски документ во кој стои дека еден од првите луѓе на Оливер Спасовски, Владимир Ристов – познат како Камењар – началник на единицата за економски криминал, заедно со уште тројца негови колеги, креирале полициски случај и ја злоупотребиле својата положба врз кандидат за градоначалник што не е од СДСМ, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски додава дека Ристов, познат близок соработник на Оливер Спасовски, е осуден за несовесно работење по член 353 од КЗ.

Документот од Основниот кривичен суд Скопје докажува дека Оливер Спасовски ја злоупотребува својата позиција и наместо да се бори со изборни нерегуларности, неговите луѓе работат по партиска насока за притисоци и креирање недемократска атмосфера за политичките противници на СДСМ.

Ова е судски документ што открива многу повеќе од тоа што СДСМ и Оливер Спасовски сакаат да го скријат од јавноста. Овој документ покажува класична злоупотреба и партизација на полицијата за што укажувавме во време на изборниот период. Овој документ покажува дека се кршат основните столбови на демократијата во заштита на криминалот и корупцијата.

Дури и исклучително заробеното судство не може да ја скрие злоупотребата на МВР од СДСМ.

Секој еден ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени парламентарни избори, изјави Стоилковски.

Слични Објави