| |

Северна Македонија ќе увезува пченица од Бугарија

Македонскиот министер за земјоделство Љупчо Николовски синоќа на својот Фејсбук профил објави дека е постигнат договор Северна Македонија да увезува пченица од Бугарија.

„Со мојот колега, министерот за земјоделство на Бугарија, Иван Иванов, се договоривме да и обезбедиме дополнителни количини пченица од Бугарија. На овој начин градиме вистинско добрососедство со соседите и обединети полесно ќе ја надминеме актуелната криза, напиша синоќа Николовски на својот Фејсбук профил.

Двајцата министри се во Берлин по повод министерскиот состанок во рамките на Берлинскиот процес и дијалогот за земјоделска политика: Германија – Западен Балкан.

Со министерскиот состанок копретседаваат германското Сојузно Министерство за храна и земјоделство и Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG RRD), во која бугарското Министерство за земјоделство има статус на набљудувач.

Берлинскиот процес е германска иницијатива започната во 2014 година, чија цел е зајакнување регионална соработка и унапредување на добрососедските односи, одржлив раст и поддршка на европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

Минатиот месец РС Македонија се договори да увезува пченица од Србија.



Слични Објави