Георги Томалевски- човекот кој, во својот пасош пречкрта „Македонец“ и своерачно напиша „Бугарин“
По 75 години, книгата со есеи „Сонце после бура“ на Георги Томалевски, брат на револуционерот Наум Томалевски и бугарски научен работник го доживеа своето второ издание во Бугарија. Бизнисменот од Бугарија Стојан Ковачев го финансирал второто издание на оваа книга.
Георги Томалевски е роден на 16 септември 1898 година во Крушево, потекнува од семејство на македонски Бугари, во чија куќа е објавена бугарската Крушевска република. Тој е брат на задграничниот претставник на ВМРО во Софија Наум Томалевски.
По востанието неговото семејство се сели во Софија, каде што Георги го поминува целиот свој живот до смртта во 1988 г.
Негова девиза е „Над целото древно познание и светска мудрост, над се теософско и окултно, јас сум патриот Бугарин“.
Томалевски дипломира на Софискиот универзитет на катедрата за „Физика, астрономија и метеорологија“. Тој е еден од првите бугарски есеисти.
Во однос на македонското прашање Томалевски пишува:
„… владите на Грција и Југославија под заштитата на кралот Александар Караѓорѓевиќ водат политика на асимилација и нивната задача е да ги уништат сите спомени дека таму, некогаш имало Бугари…“
„… недозволиво е во векот во којшто живееме да се фалсификува историската вистина. Таков груб фалсификат е тврдењето дека во Македонија немало Бугари…“
Голем удар за Томалевски е македонизацијата на македонските Бугари и населението на Пиринска Македонија. Според него македонската нација не постои и таа се наметнува насилно поради политички причини и туѓи интереси.
Кога во пасошот на Томалевски е запишано дека е роден во Крушево, Југославија, а во делот за етничка припадност е запишано- Македонец, тој го поправа сопствениот пасош пишувајќи дека е роден во Крушево, Бугарија и дека неговата етничка припадност е бугарска. Томалевски никогаш не се помирува со тоа.
„Георги Томалевски ме откри, јас не сум го барал. Ја добив книгата „Сонце после бура“, оригинално издание од 1946 г. како подарок за роденден. Уште истата вечер читајќи го еден од неговите есеи, разбрав дека таа книга е нешто посебно и се разбира почувствував потреба да го споделам тоа што сум го прочитал со моите пријатели. Книгата е издадена во 2000 копии и многу тешко може да се најде. Така се роди идејата да го реализирам нејзиното второ издание“, вели Стојан Ковачев пред бугарската агенција БГНЕС.

