АНТИКОМУНИСТИЧКАТА ГРУПА ВМРО, ВО ВАРДАРСКА МАКЕДОНИЈА, 1950 Г.
Пропагандата на ВМРО била промовирана во гимназиите и универзитетите од групи од по три членови. Седиштето на универзитетските групи на ВМРО било лоцирано во Скопје. Оваа гранка имала свои групи во универзитетите во Белград и Загреб. ВМРО групите во Белград соработувале со Антикомунистичката организација наречена Злати Орао (Златниот Орел) која имала свои членови во Југославија. Во универзитетот во Белград имало уште една антикомунистичка организација Жути Мрав (Жолта Мравка). Во универзитетот во Загреб студентите кои припаѓале на организацијата ВМРО, тесно соработувале со Хрватската антикомунистичка студентска организација позната како Крижари (Крстоносци). Во Загреб сеуште постоеше Хрватската антикомунистичката студентска Усташка организација. Вкупно во Загреб имало 4.000 Македонци.
Во време кога информаторите биле во Македонија, студентската гранка на ВМРО во Скопје се обидела да купи стара Американска печатарска преса во Загреб; сепак, групата била неуспешна во собирањето на 35.000 динари кои биле потребни за куповината. Планот на студентската ВМРО група бил да објавува весник на Бугарски јазик за дистрибуција низ Македонија. Овој весник требало да содржи преводи на статии кои биле објавувани во Соединетите Држави под насловот Македонска Трибуна.
Сите членови на анти-Титовите групи биле безмилосно прогонувани од Титовиот режим. Информаторите процениле во период од пет години помеѓу 1945 до 1950, помеѓу 800 до 1000 личности биле обвинети за антикомунисти или ВМРО-вци, биле уапсени и затворени во различни области од Македонија, мнозинството од нив во Скопје и Битола. Многу од овие индивидуалци, меѓу нив свештеници, воени лица, универзитетски и гимназијалски професори и ученици, професионални личности и голема група од селани, биле егзекутирани или затворани од 2 до 20 години тешка робија.
Според еден информатор мнозинството од лицата кои биле затворени и осудени во Македонија биле членови на ВМРО. Сепак, неколку други информатори тврделе дека лицата уапсени и судени во Македонија припаѓале на различни движења на отпорот, но дека режимот ги означил како членови на ВМРО затоа што судењето на “сепаратистите” би било повеќе спектакуларно за јавноста.
Извор: Свобода или Смърть
