| | |

(Видео) Перев: Бугарската политичка елита покажа единство, Петков дојстојно ја заштити бугарската кауза

„Во Битола и Охрид, многу луѓе срдечно ги пречекаа Петков, Јотова и целата бугарска делегација. Многу луѓе го поздравија присуството на бугарскиот премиер, вицепремиер и министер за надворешни работи“, изјави публицистот и редовен колумнист на порталот Трибуна Владимир Перев во своето јавување во утринската програма на телевизијата Bulgaria On Air.

Перев иронично истакна дека во Битола и Охрид имало повеќе полицајци отколку за време на Втората светска војна.

„Имаше демонстрации, но немаше пцовки, немаше навестување на агресија.Во Битола имаше 5-6 луѓе кои се појавија со македонски знамиња и скандираа: „Да живее Македонија“ Работите не се баш како што ги претставуваа медиумите во нашата земја“, додаде новинарот.

Според него, општеството во Северна Македонија во моментов има сериозни главоболки и проблеми.

На средбата во Битола имаше целосно единство во активностите.Прашањето за правата на македонските Бугари беше целосно синхронизирано.Во Охрид кога се отвори читалиштето „Хоризонти“ Јотова беше херој на денот.Таа го имаше целосното внимание, како што доликува за бугарска потпретседателка“, изјави Перев.

Тој изрази мислење дека сите посети од ваков тип се историски, а најважно е тоа, што тие го покажуваат целосното единство на бугарската политика во однос на РС Македонија.

„Ако ние во РСМ имавме сомнежи за ставот на премиерот Петков за решавање на македонско-бугарските прашања, сега тие сомнежи ги нема. Петков остана достоен во позицијата за заштита на правата на Бугарите во РСМ“, вели Перев.

Тој додаде дека посетите секако ќе бидат корисни бидејќи ќе и покажат на македонската заедница дека мора да ги почитува и да се приклучи кон европските вредности.



Слични Објави