| |

Колев бара искреност од политичката елита во РС Македонија: Кажете јасно дека не сакате да се реши прашањето со Софија

Дај да си кажеме јасно на сите, ние не сакаме да го решиме прашањето со Софија, правата на Бугарите во Македонија за нас немаат никакво значење, не ја сакаме ЕУ бидејќи нема да можеме да си местиме тендери и да си вработуваме партиски војски и да ја завршиме работата. Ова на социјалната мрежа Facebook го напиша претседателот на ГДУ Петар Колев.

Според него отворените прашања со Бугарија не се решаваат затоа што политичката елита во РС Македонија не сака земјата да стане дел од Европската унија.

„Се чудам што ли не научивме за овие 11 години, та повторно сме во стартна позиција за решавањето на спорот со България.Груевски и Мијалков се правеа дека не разбираат, после Заев и Димитров, сега Ковачевски и Османи, како да се вртиме во некој маѓепсан круг. Сите не разбираат, не знаеле, биле во подрум, но платите на куп квази експерти, аналитичари, специјалисти си врват, заедно со покачувањата согласно предвидениот буџетски план. Дај да си кажеме јасно на сите, ние не сакаме да го решиме прашањето со Софија, правата на Бугарите во Македонија за нас немаат никакво значење, не ја сакаме ЕУ бидејќи нема да можеме да си местиме тендери и да си вработуваме партиски војски и да ја завршиме работата. Или во спротивен случај ако сакаме, прашањето со братучедите во Софија можеме да го решиме за една недела. Но, треба да сме искрени и тие и ние и на база на вистината за минатото да склучиме јасен договор за иднината“, пишува Колев.



Слични Објави