ВМРО-ДПМНЕ: Ја осудуваме злоупотребата на деца во политика кампања од страна на Шилегов и СДСМ

/

Ја осудуваме злоупотребата на деца во политичка кампања од страна на Шилегов и СДСМ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Петре Шилегов избезумен од слабиот рејтинг кој го има почна да злоупотребува и деца во кампања.

Во текот на вчерашниот ден Шилегов се пофали дека исцртал патеки низ Градски парк, па не знаејќи како да го доближи тоа до народот и да добие симпатии за оваа работа која е редовна надлежност на претпријатијата во градот злоупотреби деца кои организирано се сликани од страна на неговите професионални фотографи.

Шилегов треба да каже дали за ова ги користеше училиштата во град Скопје и зошто децата наместо на настава се злоупотребуваат за партиска кампања?“ се вели во реакцијата на партијата.



Истовремено од таму ги повикуваат и здруженијата за заштита на децата да го осудат ова однесување на Шилегов, кое, како што се наведува претставува организирана злоупотреба на деца во партиски цели.

ВМРО-ДПМНЕ апелира ваквата пракса од страна на СДСМ да запре, и децата да се остават на страна од политиката. Тоа што тие губат нема да го покријат со ништо, но не смее да малтретираат деца да се местат во кадар за сликање, порачуваат од опозициската партија.

Претходна статија

Скопјанка крадела пари со измами дека е медицинска сестра, попишувач или дека ѝ требаат за лекови

Следна статија

Заев-Сера: Историската посета на Мадрид исчекор кон продлабочување на соработката меѓу двете земји

Најново од Вести