ЛДП: И граѓаните и полицијата да се воздржат од прекумерна сила
Протестите се демократско право, но апелираме до сите оние коишто неколку дена се наоѓаат на улиците пред нашите институции, да не користат сила и да не фрлаат со предмети коишто можат да повредат други луѓе, изјави Теодора Димитровска портпаролка на Либерално демократската партија.
„Свесни сме и знаеме дека протестот претставува уставно загарантирано право, луѓето коишто протестираат пред нашите институции имаат право да го прават тоа и да го изразат своето незадоволство на улици, но да се воздржат од употреба на прекумерна сила“, додава таа.
Димитровска исто така упати апел и до оние службеници коишто се наоѓаат на теренот овие неколку дена, а коишто се од Министерството за внатрешни работи.
„Ве замолуваме вашите работни обврски да ги вршите во рамки и во согласност со законите, прекумерна сила во овие моменти не е потребна, ЛДП секогаш застанува зад интересот на граѓаните и во наредниот период такви ќе бидат и одлуките коишто ќе бидат донесени“, рече Димитровска.

