По повод 109-тата годишнина од смртта на големиот војвода Васил Чекаларов погледнете го неговиот дневник
На денешен ден одбележуваме 109 години од смртта на главниот војвода на ВМОРО во Костурско- Васил Чекаларов.
Како што е модерно да се кажува „за нештата да станат појасни“ освен Фокус, можете да го прочитате и неговиот дневник. Истиот го има интернет сајтот Струмски.
Првиот дел од дневникот е зачуван од македонскиот револуционер и соработник на Чекаларов, Лазар Киселинчев. Истиот е транскрибиран од Киселинчев неговите ќерки Лилјана и Митра и од ќерката на Чекаларов- Екатерина.
Вториот и третиот дел од дневникот се зачувани исто така од Киселинчев, но се транскрибирани со помошта на Спиро Василев Мореов од селото Загоричани во 1946 г.

