|

Ноев: Во експлозиите на складови во Бугарија учествувале руски државјани поврзани со труењето на Сергеј Скрипал

„Меѓу повеќето од 10-те инциденти со експлозии на складови со муниција во Бугарија и е докажано присуството на руски државјани. Тие биле присутни во моментот на експлозиите или биле соучесници во експлозиите во други земји, особено во Чешка. Докажано е дека тие биле присутни и најверојатно учествувале во труењето на Скрипал (Сергеј Скрипал, поранешен руски воен разузнавач – р.) во Велика Британија“. Ова за БТВ го изјави експертот за национална безбедност и поранешен министер за одбрана Бојко Ноев.

„Експлозијата што се случи пред некој ден е еден од повеќе од 10 инциденти што се случија во Бугарија. Ова ни дава можност да направиме некои генерализации кои се однесуваат и на внатрешно политичкиот живот во Бугарија и на некои елементи на геополитиката и нашиот однос кон другите земји. би рекол дека овој инцидент е поврзан со општо кажано поголеми групи проблеми и односите на Бугарија со Русија“, рече Ноев.

Тој нагласи дека имињата на тие руски државјани се познати и се знае кога биле во Бугарија. Според него, нема квалитетна истрага за овие експлозии.

„И покрај противењето на политичките кругови и институции, докажана е вмешаноста на граѓани на Русија и поточно вработени во дивизијата „29 155“ на руската „Главна разузнавачка управа”. Тоа е докажано во Бугарија , тоа е докажано и во Чешка и во Велика Британија.Тоа значи дека сме сведоци на политика на Русија да влијае врз бугарската одбранбена индустрија поради некои причини и поради некои нивни интереси“, рече поранешниот министер за одбрана.

Ноев беше категоричен дека слични причини имало и во годините на владата на Бојко Борисов. „Тогаш на Русите речиси им беше дадена контрола над бугарската индустрија за оружје. Ова е поврзано и со проблемот со гасот“, смета експертот. Според него, прашањето за односите меѓу Бугарија и Русија е геополитички билатерален. Тој праша: „Дали повторно ќе бидеме вазална држава, дел од Руската империја или Бугарија ќе биде дел од демократскиот свет, каде што и припаѓа? Тоа е големото прашање“.



Слични Објави