A. МУСЛИУ: ОБВРСКИТЕ ОД ЕУ ТРЕБА ДА НИ ГО ОЛЕСНАТ ЖИВОТОТ, А НЕ ДА НИ ГО ОТЕЖНАТ
Аналитичарот Алберт Муслиу во своето обраќане на конференцијата „Македонски перспективи-Како во Европа?“ изјави дека потребните реформи што треба да бидат спроведени за Македонија да почне преговори со ЕУ, се обврски, што треба да ни го олеснат животот, а не обратното. Муслиу обрна внимание и на менталитетот на граѓаните кој исто така треба да се промени во позитивна насока. Аналитичарот беше дециден дека и покрај тоа што Македонија уште во 90-тите години се одлучила да оди по патот на ЕУ и НАТО, многу политичари изградиле кариери од проблемите со кои се соочувала земјата на патот кон својата евроинтеграција. Тука Муслиу ги напомена долгогодишниот спор за името со Грција и секако проблемите околу меѓуетничките односи во земјата.