НЕВЛАДИНИТЕ ЦИВИЛ И МЦМС СО ГОЛЕМА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈА НАСЛОВЕНА: МАКЕДОНСКИ ПЕРСПЕКТИВИ-КАКО ДО ЕВРОПА

//

Во хотелот Континентал денеска се одржа голема конференција насловена „Македонски перспективи – Како до Европа?“, организирана од Цивил и Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), која беше отворена од претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, кој им се заблагодари на сите дискутанти и учесници што ја прифатија поканата и овозможија да се оствари една јавна дискусија за иднината на Македонија.

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, ја отвори конференцијата и истакна дека Македонија избрала стабилност и сигурност за нејзините граѓаните, слобода и правда без исклучок, бидејќи тоа се европските вредности.

„Избравме борбра против дискриминација, никој да не биде запоставен. Унија на максимална почит и афирмација на културните и јазичните идентитети. Избравме да почитуваме вредности. Граѓани на ЕУ без национални граници, заедница која максимално ги слободата на изразувањето и заштитата на човековите права.“ истакна премиерот Заев.

Тој додаде дека за една година, на Европската комисија и е дадено доволно аргументи за тоа дека Македонија треба да ги започне преговорите.

Поздравен е договорот со нашите соседни држави, Бугарија и Грција, особено оној со Грција, бидејќи претставуваше сложен проблем.

Премиерот на крајот додаде дека испораката на резултатите не завршуваат со членство, ќе мора да се продолжи со испорачувањето на услови и резултати, и дека нашите граѓани конечно ќе можат да ги уживаат европските вредности.

Германскиот амбасадор во Македонија, Томас Норберт Герберих, упати честитки на владиниот кабинет и граѓаните на Македонија, кои работеле напорно до европска интеграција, и додаде дека остатокот од патот нема да биде лесен, и понекогаш ќе биде болен, бидејќи земјите кандидатки се уште ги немаат сите услови кои за ЕУ се важни.

„Историскиот договор со Грција претставува голема можност за членството во ЕУ. Советот очекува дека во 2019 година ќе биде успешна и дека на крајот од годината преговорите ќе завршат“ додаде германскиот амбасадор.

Хрватската амбасадорка во Македонија, Данијела Баришиќ, истакна дека членството во Европската Унија значи градење на стабилна и просперитивна држава за сите, и ги поздрави политичарите во Македонија и истакна дека тие се свесни за работата која стои пред нив, но и дека се подготвени и храбри да продолжат со тоа.



За процесот на започнувањето на преговорите на Хрватска, амбасадорката истакна дека тогаш усвоиле повеќе од 300 закони и повеќе од 1000 подзаконски акти, и дека исто така го промениле Уставот пред да станат членка на ЕУ.

Амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбек, истакна дека Македонија е дел од Европа, само уште треба да се истисне процесот на преговори за Европа, за да се стигне до целосно вклучување.

„Добро е да се учи од сите нас, особено од Словенија и Хрватска, кои се блиски и слични со Македонија. Сега по сите промени, и Македонија е дел од тој процес, конечно, и ова значи дека земјата прави една промена и станува дел од решението, и Македонија е водечка сила за промената на Балканот.

Амбасадорот на Унгарија, Ласло Дукс, истакна дека Унгарија започнала со преговорите во 1998 година, а се вклучила во 2002 година, и дека сите земји се наоѓаат во различни позиции.

На конференцијата присуствуваа уште претставници од политичките партии (ДПА, Беса, Алијанса на Албанците, Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, НСДП и др) и невладиниот сектор кои исто така имаа свои обраќања.

Интересен момент во излагањата беше фактот што сите говорници искажаа мислења како Македонија да отиде во Европа, но никој не кажа како не треба Македонија да влезе во европското семејство.

 

Претходна статија

ИЗВЕДБА НА ДВА НОВИ ЕКСПЛОАТАЦИОНИ БУШЕНИ БУНАРИ

Следна статија

ТЕНДЕРСКАТА ПОСТАПКА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ВО ДОЛНО ЛИСИЧЕ Е ВО ТЕК

Најново од Вести