|

Најстудено во Берово со -5, во Битола 4 степени

Утрово најстудено со -5 степени беше Берово, -4 Попова Шапка, -2 Крива Паланка, Куманово, Штип, -1 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Струмица, Виница, 0 Лазарополе, Демир Капија, Крушево, 1 Прилеп, 2 Тетово, Охрид, Дебар, 3 Дојран, 4 Битола, Гевгелија, 5 Претор.

Во текот на ноќта променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Утрово во источните делови е сончево, а зголемена облачност има во западните и северозападните делови. Во Преспанската Котлина има појава на магла. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Претпладне со ниска облачност, а од пладневните часови сончево со мала до умерена облачност и посвежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени. Во Битола до 7 степени.



Слични Објави