Средба на Нуредини со бугарската министерка за животна средина и води Карамфилова

/

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари билатерална средба со делегацијата од Министерството за животна средина и води на Бугарија, предводена од министерката Росица Карамфилова на која се разговараше за повеќе теми поврзани со координација на активностите во делот на животната за што двете држави веќе имаат воспоставено добра соработка.

Како што соопшти МЖСПП, акцент во разговорите беше ставен на споделување на искуства и експертиза во транспонирање и примена на европското законодавство во областа на животната средина, особено во преговарачкиот претприемен процес на земјава во ЕУ, поконкретно во преговорите од Поглавјето 27 – Животна средина и клима.

– Во тој контекст се потврди позитивниот ефект на активностите спроведени од Работната група 3: Европска интеграција и зелени политики формирана врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија од 2019 година. Се разговараше и за можностите и потребата за интензивирање на соработката предвидена со двогодишната Програма за работа која ќе се имплементира преку мешовита комисија и експертски групи од областа на управување со води, управување со отпад и ЕУ легислатива, се додава во соопштението.

На средбата во фокусот била областа на заштита на прекугранични води, пред се реката Струма, за што од бугарската страна е побарана поддршка во Советот на Бернска Конвенција за автопатот Струма.



– Се отвори прашањето и за соработка во заштитата на природата на планината Беласица, а се разговараше и за теми поврзани со управувањето со отпадот, информираат од МЖСПП.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Благоевград ќе биде домаќин на турнир по спортска гимнастика за деца и кадети, ќе земат учество и натпреварувачи од РС Македонија

Следна статија

Спасовски: Досега издадени 18.223 патни исправи за наши граѓани во странство, само во Виена 884

Најново од Вести