МЕЧЕТО ТЕДИ ОД ШТИП ЌЕ ЗАМИНЕ НА РЕСОЦИЈАЛИЗАЦИЈА СО ПОМОШ НА ФОНДАЦИЈА НА БРИЖИТ БАРДО
ригодишното мече Теди кое живееше во несоодветни услови во Зоолошката градина во Штип ќе замине на ресоцијализација во резерват за мечки со помош на Фондација на познатата актерка Брижит Бардо.
Портпаролката на Зоолошката градина во Скопје, Тина Мицевска на фејсбук објави дека по повеќемесечни напори да обезбеди подобра грижа за мечето добила одговор на Фондација на Бардо и Светската невладина организација за грижа на животните Фор Паус.
На крајот на месецот стручен тим од двете организации ќе пристигнат во Штип за да направат преглед на мечето, а потоа ќе биде однесено во резерват кој што се простира на 150 илјади метри квадратни каде се сместени и други мечиња како Теди.
Мечето сега е сместено во кафез од само два квадрати и нема простор за движење.

