| | |

Абориџините во Австралија и уставните измени во Р. С. Македонија!

Пишува: Аргир од Б’лгарско Блаца

На 14-ти октомври во Австралија се одржа референдум во кое се гласаше, дали домородното население Абориџините да бидат официјално внесени во уставот на државата. На тој начин, Абориџините за прв пат во поновата историја на Австралија ќе можеа да имат право на глас за сите државни мерки што ги засега. На почетокот, анкетите покажуваа дека има поддршка за предлогот, но како што се наближуваше датумот за гласање, се виде дека поддршката се намалуваше и на крајот на референдумот резултатите беа против измените во уставот.

Австралиското домородно население Абориџините чии предци живееле на континентот пред најмалку 60.000 ( ! ) години, преставуваат помалку од четири отсто од населението. Ако се вратиме од австралискиот континент, во европскиот континент, ќе видиме дека Р. С. Македонија е земјата во којашто претстојат измени на уставот, со кои во Преамбулата ќе бидат внесени припадниците на бугарското население, заедно со Хрватите, Црногорците, Евреите и Египќаните.

Р. С. Македонија, земја којашто е членка на НАТО, веќе 32 години по нејзината независност и самостојност од затворот на народите, наречен СФРЈ, сѐ уште пружа отпор на ослободувањето од канџите на северниот сосед Србија, којашто крои граници преку т.н. проект Отворен Балкан, и води „отворена“ анти-НАТО и анти-ЕУ политика! Измената во уставот на Р. С. Македонија е еден од најважните чекори за започнување на преговорите со ЕУ, за зачленувањето на земјата во унијата којашто е гаранцијата и заштитата на демократијата и човековите права во европскиот континент.

Улогата на ЕУ (и на НАТО) добива уште по голема важност, особено денеска во денови, кога агресијата и заканите од Кремљ се засилуваат. За разлика од Австралија, за измените во уставот на Р. С. Македонија не се одлучува преку референдум. Измените ќе бидат гласани во собранието на Р. С. Македонија. За позитивен резултат, потребни се гласовите на две третини од пратениците во собранието. Како што тече времето, слично на Австралија, и во Р. С. Македонија, анкетите не покажуваат многу надежни резултати за измените во уставот. Особено кај оние политички структури во земјава, коишто се „затворени“ во „отворената“ српска национална доктрина, и коишто редовно добиваат поздравителни разгледници од Будимпешта. Токму тие се најактивните противници на уставните измени. Всушност, оние кои не сакаат промени во статуквото, се привилегираните „елити“ креатори и поддржувачи на државниот криминал и корупција и коишто се долгогодишни „сопственици“ (барем, тие за такви се сметат) на државата и на животите на луѓето на ова територија, уште од времето на кралството СХС и СФРЈ!

До пред неколку дена, не знаев како изгледа знамето на Абориџините во Австралија! Кога случајно дознав за ова знаме, ме зачуди фактот што, знамето на Абориџините има горе-долу сличен изглед со знамето, кое според вождот на ВМРО и македонските Бугари Иван Михајлов, требаше да е официјалното знаме на обединета и независна Македонија – Швајцарија на Балканите. Дали носителот на идејата за обединета и независна Македонија, домородното бугарско население, ќе добие официјално место во преамбулата на уставот Р. С. Македонија, допрва ќе видиме!

Интересно би било да се дознае, дали Македонците коишто во 60’те и 70’те години од минатиот век, пристигнуваа во Австралија, како работници-емигранти, но и како пропагандатори на титова Југославија, и денеска уживаат во благодетите на таа далечна земја, гласале за или против измените во уставот на Австралија?!

Потребно е исто така да се потсетиме дека во химната на ВМРО и македонските Бугари„Изгреј зора на свободата“ се пее и за „душите и срцата на всички роби по света“!



Слични Објави